logo
logo
logo

ПЕКОЛЕН ПОНЕДЕЛНИК НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Жестока размена на оган меѓу САД и Иран, нападнати десетици цели!

Vecer | 13.07.2026

ПЕКОЛЕН ПОНЕДЕЛНИК НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Жестока размена на оган меѓу САД и Иран, нападнати десетици цели!

Американците и Иранците ги продолжија меѓусебните напади во понеделникот, при што Вашингтон објави дека бомбардирал десетици цели, додека Техеран соопшти дека ги нападнал базите што Соединетите Држави ги користат во Јордан, Бахреин и Кувајт.

Американските сили „таргетираа ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни летала, како и мали бродови“, објави Американската централна команда на платформата Х, наведувајќи „десетици цели“.

Исламската револуционерна гарда, идеолошката војска на Техеран, тврди дека ги нападнала базите што Соединетите Држави ги користат во Јордан, Бахреин и Кувајт, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Дипломатските напори „се сведени на нула“, порача Техеран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk