logo
logo
logo

Вечер Анализа

ДАЈТЕ ПАРИ, “РУСИТЕ СЕ ПРЕД ВРАТА“ И МОЛЧЕТЕ... Европа паѓа под власт на генералите

Vecer | 11.08.2025

ДАЈТЕ ПАРИ, “РУСИТЕ СЕ ПРЕД ВРАТА“ И МОЛЧЕТЕ... Европа паѓа под власт на генералите

Интересите на војската и цивилите ретко кога во историјата биле исти. Да, силна војска треба за силна држава но, добра е само ако е под контрола на државата и ако не ги загрозува инетересите на граѓаните од чиј данок војската се плаќа.

А како и секоја сила, и војската е склона и има тенденција да ја жиро моќта и влијанието кога за тоа ќе и се даде прилика и, освен тоа, и во војската постои склоност кон пари и воени бизниси на граница на корупција, па и преку границата. Ако генералите добијат шанса да станат главни во државата, и општеството, шансата ја користат без многу задршка а воената индустрија која интерес од нив тоа го подджува со силна јавна кампања.

Од февруари 2022 година има војна во Украина која се уште трае. Откако се виде дека таа нема брзо да заврши воената индустрија, моќна, богата, агресивна и добро организирана започна во соработка со генералите од Европа кампања дека Русија ќе ја нападне Европа: од Полска до Германија, Франција, Италија... и дека мора да се издвојат многу стотици милијарди евра за потреби на војската за тој момент да се пречека подготвено.

Кога се има толку многу пари, и таква моќ на располагање, прашање на време е кога ќе се најдат политичари тие воени барања и планови да ги пренесат во цивилната политика, од влада, преку собрание, до медиумите и невалдиниот сектор и да создадат кампања дека граѓаните треба да се откажат од добар дел на своите потреби, да плаќаат скапи јавни услуги и губат работни места затоа што - Русите се пред врата и за најмногу 4-5 години ќе ја нападнат Европа.

Генералот Карстен Бројер изјави за Би-Би-Си дека Русија може да го нападне НАТО во следните четири години, предупредува германскиот министер за одбрана но, не даде податоци со кој капацитет Русија располага контра НАТО и европските војски а тоа да може да го оствари.

Планот е започнат и веќе е во функција. Особено во Британија и Германија која со децении беше под меѓународна контрола и ограничување за развој на својата војска и воена индустрија од познатите причини дека е предизвикувач на две светски војни.

Со воената агресија на Русија во Украина Германија, заедно со Британија и Франција, успева да ја убеди Европа “дека Русите се пред врата“ и да добие слобода за свои воени планови, прв пат од 1945 година па се до сега.

За прв пат Германија доби дозвола германската војска да излезе надвор од државата, да има своја воена база во Руднинкај, во Литванија, на руската граница, а нивната главна воена индустрија Рајнметал со годишен раст на продажбата воена опрема од 25% е единствена индустрија која во германската економска криза има рапиден економски раст и неограничен пристап до државните пари. Фолксваген затвара фабрики, а Рајнметал ги презема за потреби на воената индустрија.

Проектот влегува во забрзана фаза. Кога еднаш на генералите ќе им се даде да одлучуваат што треба да прават цивилите тој процес многу тешко се запира и враќа назад, во нормала.

Сега не е ни битно што најголем дел во Европа е во НАТО и веќе постои силен систем на колетивна безбедност. Не е битно и тоа што во Европа има над 450 милиони жители а во Русија околу 140 милиони и што воениот потенцијал на НАТО е барем пет пати поголем од рускиот и нема ни теориска можност Русија да успее во било каква директна војна со Европа и НАТО и да влезе во Лондон, Париз и Берлин... Никој досега не се ни обидел да покаже и докажува како тоа Русите ќе стасаат до Британија, Франција и Германија за да оправда стотици милијарди евра за нови тенкови, авиони, балистички и други ракети.

Важно е дека генералите најдоа политичари и медиуми што ќе сработат “воен план“ и ќе донесат многу стотици милијарди евра на “воената сметка“ каде потоа пари има за сите.

Граѓаните треба да го завршат својот дел од планот: да го примат стравот што им се продава како свој, да не брануваат многу против “воениот план“ бидејќи ќе завршат жигосани како русофили и да се согласат на скапи јавни трошоци кои редовно ќе ги плаќаат, и ќе прифатат губење на работни места и на својот животен стил заради “повисоките цели“ на генералите и нивните политичари и медиуми.

Theweek.com анализира: “Многу луѓе едноставно „сè уште не чувствуваат непосредна закана“, вели „Економист“, а тоа е проблем за војските кои сакаат итно да регрутираат и да задржат војници. За значително зголемување на бројот или за да се промовира јавноста за каков било вид регрутација, „ќе треба да постои јасно и заедничко разбирање зошто е потребно. Тоа недостасува во земји како Велика Британија и Франција, каде што не е очигледно што можат да прават регрутите во модерна, технолошки софистицирана армија“.

Плус, „предизвиците во воениот сектор“, вклучувајќи го „квалитетот на живот, преместувањата, меѓународните задачи, неизвесноста и можноста за умирање“, претставуваат проблеми за регрутирање и задржување на воениот персонал. Со променливите вредности и стареењето на населението, „треба да се плаќаат многу високи плати за да се убедат луѓето да аплицираат и да се приклучат на вооружените сили“, изјави за „Еуроњуз“ Винченцо Бове, професор по политички науки на Универзитетот Ворвик во Велика Британија.

Некој барем се сети да ги праша граѓаните на Германија: Ако државата влезе во војна (против Русија) дали сте подготвени да војувате?

Откако Русија ја започна својата агресија врз Украина, европските земји почнаа интензивно да се вооружуваат и да инвестираат во одбрана. Во изминатите три и пол години, стотици милијарди се потрошени за ново оружје, подготвени се планови за војна во случај на руски напад, се бара градба на воени засолништа, се печатат и делат памфлети како да се постапи кога војната ќе дојде, па дури и се преместува нуклеарно оружје поблиску до источните граници на континентот.

Но, нешто недостасува во сè, а тоа се луѓе кои се подготвени да станат војници, покажуваат новите податоци. Ова беше познато и претходно, но тогаш Европа не очекуваше дека војната може да ѝ затропа на вратата.

Речиси две третини од Германците веројатно не би ја бранеле својата татковина во случај на инвазија, откри анкетата спроведена оваа недела за локалната телевизиска станица RND од страна на агенцијата за истражување на јавното мислење. Високи 59 проценти од испитаниците одговориле дека „веројатно - не.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk