logo
logo
logo

Зоран Мамиќ по пресудата отиде во БиХ, дали ќе се врати во Хрватска?

Vecer | 23.03.2021

Зоран Мамиќ по пресудата отиде во БиХ, дали ќе се врати во Хрватска?

Можно ли е ново сценарио по кое поранешниот функционер на Динамо Загреб Здравко Мамиќ поради криминал избега од Хрватска во БиХ каде што не можат да го гонат? Зоран Мамиќ, довчерашниот тренер на Динамо, кој беше осуден на четири години и осум месеци затворска казна поради извлекување на пари од клубот, денеска отпатувал во БиХ, пренесува „Индекс“.

Извор близок до Мамиќ изјави дека тој планира утре да се врати, а истото го тврдат и неговите адвокати. Истиот извор за „Индекс“ вели дека утринава бил на судење во Осијек, а потоа отишол да го посети брат му Здравко во БиХ и дека ќе се врати назад. Ќе видиме дали ќе си остане на зборот.

Претходно кажа дека ќе си ја отслужи казната и дека нема намера да бега затоа што има фамилија во Хрватска и мало дете.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk