logo
logo
logo

Златан: Еднаш Гатузо го фрлив во канта за ѓубре

Vecer | 09.03.2021

Златан: Еднаш Гатузо го фрлив во канта за ѓубре

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се вклучи со видео во емисијата „Че Темпо че Фа“ која се емитува на „Раи 1“.

Во таа прилика кажа една интересна случка со сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо.

„Вчера му се јавив на Гатузо да му кажам да му се јави на мојот син и да му честита роденден, затоа што му е омилен играч. Синот го обожува поради одлучноса и карактерот кој Рино го покажуваше на терен“, рече Златан па продолжи со насмевка:

„Му реков ако не му испрати видео снимка како честитка за роденден, ќе дојдам во Неапол и ќе мораш во живо тоа да го направиш. Еднаш на глава го фрлив во канта за ѓубре. Силен е тој, но сеедно, заврши во канта“, рече Ибра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk