logo
logo
logo

Зиркзе се расплакал во тунелот на Олд Трафорд

Vecer | 31.12.2024

Зиркзе се расплакал во тунелот на Олд Трафорд

Вчерашното фијаско на тимот на Манчестер Јунајтед на домашен терен против Њукасл во рамките од новото коло во Премиер лигата има продолжение и денеска. Главна тема не само поразот, туку и потегот на менаџерот Аморим да го извади од игра Џошуа Зиркзе во 33 минута.

Шокирачкиот потег го изненади нормално најмногу играчот, кој наместо да седне на клупата замина во тунелот кој води кон соблекувалните. Потоа, очигледно на приговор на сите присутни се врати со покриена глава.

Денес, медиумите во Англија велат дека тој во тунелот буквално се расплакал.

„Разговарав со Џош за тоа. Секогаш размислувам за тимот и во овој момент за тимот беше важно Џош да излезе. Тој е навистина добро момче и ќе ја има нашата поддршка. Има моменти , а пример за тоа се луѓето како Хари Мегваер, кога поминувате низ тешки фази, но тоа е животот, така што ќе го поддржиме Џош и ќе продолжиме понатаму – рече Аморим по мечот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk