logo
logo
logo

Зиелински: Сите почнаа да го користат рецептот на Карвахал, затоа мора да се промениме

Vecer | 09.12.2023

Зиелински: Сите почнаа да го користат рецептот на Карвахал, затоа мора да се промениме

Наполи уште еднаш е поразен. Италијанскиот шампион сега падна во дуелот со Јувентус и останаа со празни раце во Торино. Тоа е трет пораз по ред во сите натпреварувања. А резултатот можеше да биде поинаков ако Кварацхелија или капитенот Ди Лоренцо погодеа од идеални ситуации. Една грешка и нафрлување, Гати ја обезбеди победата на Јувентус.
Одигравме добар меч, имавме посед и шанси и требаше само да постигнеме гол. Тоа ни е голем проблем во моментов. Ако дадевме барем еден гол од тие две шанси мечот ќе беше поинаков.
Оваа сезона е поинаква. Тоа е разбирливо, затоа што сите не гледаат како шампиони и секогаш се мотивирани против нас. Разбирливо е дека постои проблем. Дани Карвахал му играше фластер на Кварацхелија (на мечот со Реал). И Осимен имаше фластер. А тоа сега стана секојдневие од сите ривали со кои играме. Само треба да се промениме. Мора да дадеме поголем придонес ние во средниот ред. Треба да покриеме повеќе простори и да правиме шанси. Технички сите сме добро подготвени, но мораме да дадеме поголем придонес во нападот, да им создадеме повеќе шанси на напаѓачите“, изјави полскиот интернационалец во Наполи, Пјотр Зиелински.

Тренерот Валтер Мацари посочи дека малку е во тимот и се уште го бара проблемот но верува дека резултатите ќе се стабилизираат.
Верувам дека ако играме како на овој меч, позитивните резултати ќе дојдат и ќе се искачиме на табелата. Само што дојдов и не можам да кажам што се случувало претходно. Но штом ме повикале тоа значи дека имало проблем(и). Јас гледам дека се игра добар фудбал, подобар од противникот, но не гледам реализација (голови). Ако не постигнуваме голови од шанси како онаа на Квара тогаш мислам дека е јасно каде треба да се поправиме. Исто така ни е потребна и доза на среќа“, додаде Мацари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk