Така е тоа кога работите функционираат, кога се оди добро. А во Барселона под водство на Ханси Флик, секако дека работите одат во посакуван правец. Па така Барса веќе планира да му понуди нов договор на Ханси Флик.
Иако Германецот го обнови договорот до 2027 година пред неколку месеци, Хоан Лапорта сака да му понуди соработка за уште една сезона, до летото 2028 година.
Германскиот весник „Билд“ додава и дека Барса сака да го засили тимот на Флик, но дека во моментов сè уште има финансиски проблеми, а засилувањата се само на хоризонтот.
Флик е исто така среќен во каталонскиот клуб, што јавно го кажа неколку пати, а продолжувањето на соработката не би требало да биде проблем.
Не е исклучено Хоан Лапорта да сака да ги заврши овие преговори пред претседателските избори, кои се закажани за 2026 година, но не се знае дали напролет или на лето.
За навивачите, ова е најдобриот доказ дека Барса и Флик се совршен спој, па затоа не е изненадувачки што клубот сака да ја зајакне соработката со германскиот тренер.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата