Реал Мадрид не успеа да се пласира во финалето на ЛШ, на реванш натпреварот беше совладан со 2-0.
Момците на Томас Тухел беа подобри во текот на целиот меч, а Реал Мадрид може да биде среќен што прими само два гола во својата мрежа. Со ова се согласува и Зинедин Зидан, кој му честиташе на противникот.
„Можеме да кажеме дека Челзи беше подобар тим. Дадовме се од себе, но тие заслужија пораз. Дали жалам поради играчите кои ги ставив? Не се согласувам дека беа уморни. Ова е полуфинале и тие беа подготвени. Вака можеа да одиграат уште 90. минути. Дојдовме до крајот и неописливо сум горд на нив“, изјави Зидан и додаде:
„Ни фалеше сила напред, имавме шанса за погодок. Имаа и тие повеќе. Среќни сме со оваа сезона во Лигата на шампиони. Сега имаме шанса да се одмориме и да се фокусираме на првенството. Во каква состојба се играчите? Кога ќе загубите меч не можете да бидете среќни. Тоа е нормално. Но, веќе утре ќе мораме повторно да тренираме и да се подготвиме за следните мечеви“.
sportmedia.mk