logo
logo
logo

Ждрепката за полуфиналето во купот на Македонија на 16 март

Vecer | 10.03.2021

Ждрепката за полуфиналето во купот на Македонија на 16 март

Купот на Македонија, кој годинава ќе се игра во малку поинаква форма, своето продолжение ќе го има на 16.  март кога во просториите на ФФМ ќе се одржи ждрепката за полуфиналните двојки.

Како што е веќе познато, во оваа завршна фаза се пласирани екипите на Македонија ЃП, Академија Пандев, Струга Трим Љум и Силекс.

Она што е новитет, е фактот што ќе се игра само по еден натпревар, а двата мечеви се закажани за 7 април. Дефинитивно е само дека, тимот на Македонија ЃП, со кој и да се падне во оваа фаза, мечот ќе го игра како домаќин, затоа што во 1/4 финалето како гостин ја елиминираше Беласица.

Финалето пак е закажано за 19 мај.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk