logo
logo
logo

“Земјотрес“ во Буенос Аирес: Дибала почна преговори со Бока Јуниорс!

Vecer | 23.02.2026

“Земјотрес“ во Буенос Аирес: Дибала почна преговори со Бока Јуниорс!

ФОТО: AS Roma/FB

Вест од Јужна Америка која секако може да предизвика фудбалски “земјотрес“ во Аргентина. Имено Паоло Дибала е пред можен трансфер во Бока Јуниорс. Тој веќе ги започнал преговорите со челниците на Бока Јуниорс! Според италијанските медиуми, Дибала би бил среќен да го носи дресот на еден од најголемите јужноамерикански клубови.
Тој има договор со Рома до лето, нема индикации дека ќе потпише нов, а во моментов Бока Јуниорс покажува најголем интерес за него.
Дибала на тој начин би можел да се врати во својата татковина, по 14 години, откако еднаш го напушти Институтот како тинејџер и се пресели во Палермо за 12.000.000 евра.
Целата своја кариера ја помина во Италија, играјќи за Палермо, Јувентус, а потоа и за Рома, каде што пристигна во летото 2022 година.
Оваа сезона одигра 22 натпревари, постигна три гола и запиша четири асистенции.
Тој сè уште се надева дека би можел да биде на списокот на патници на селекторот Лионел Скалони за Светското првенство во 2026 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk