logo
logo
logo

Лапорта: “Реал Мадрид седумдесет години си мести судии за сите натпревари“!

Vecer | 23.02.2026

Лапорта: “Реал Мадрид седумдесет години си мести судии за сите натпревари“!

фото: Tiempo de Juego (X)

И дефинитивно се разгорува фудбалската војна на релација Барселона – Реал Мадрид, ако некогаш таа да престанала. Првиот човек на каталонската гордост, Хоан Лапорта, смета дека Реал Мадрид е клуб кој седум децении си назначува подобни судии.

Тој ова го пишува во својата книга “Како ја спасивме Барселона“ чија промоција беше одржана денеска.

Реакцијата на Лапорта доаѓа откако претседателот на Реал, Флорентино Перез, изјави дека случајот Негреиро е најголемиот скандал во светскиот фудбал и побара Барселона да биде казнета. Во книгата, Лапорта го обвинува Реал Мадрид за цинизам затоа што се претставува како спортска жртва.
„Треба да се запомни дека седум децении, речиси без прекин, претседателите на судиските организации, без разлика како се викаат, биле навивачи на Реал, поранешни играчи или поранешни директори на клубови, а понекогаш и сите тројца истовремено. Значи, седумдесет години, членови, поранешни играчи или поранешни директори на Реал назначувале судии кои требало да ја делат правдата во натпреварите од Ла Лига и Купот на Кралот. Ова е, без сомнение, најголемиот скандал во историјата на шпанскиот фудбал“, нагласува поранешниот претседател на Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk