logo
logo
logo

Здравевски е освежување за Тиквеш

Vecer | 07.03.2021

Здравевски е освежување за Тиквеш

Тимот на Тиквеш полека но сигурно се подготвува за она што неминовно следува за кавадарчани. А тоа е пласман во првата лига. Квалиетот на Тиквеш во моментов ја надминува второлигашката конкуренција, и тоа е видливо, и само прашање на време е кога ќе се случи тој очекуван трансфер во повисок ранг.

На стартот на пролетната полусезона, Тиквеш викендов гостуваше во Каменица, каде што беше совладана домашната Саса со 1:2. Во преден план на овој меч, 21.годишниот Бобан Здравевски кој со гол и асистенција директно учевствуваше во освојувањето на многу важни три бода.

Тиквеш според амбициите во моментов се знае дека оди на секој меч на победа, и се освен три бода е кикс за нив, па се очекува од секој поединец да го даде максимумот и на моменти да решава со индивидуални потези. Тоа во Каменица беше токму Здравевски и младиот битолчанец покажа зошто му е доделена довербата. Македонскиот младински репрезентативец промени неколку клубови во изминатиот педиод но очигледно дека во Тиквеш ја пронајде својата вистинска фудбалска средина и од него во периодот кој следува се очекуваат уште добри игри.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk