logo
logo
logo

Заврши сагата на Вардар 1961

Vecer | 06.02.2021

Заврши сагата на Вардар 1961

Вардар 1961 заглави во Порто поради ковид-протоколите на Германија. Македонскиот тим по завршувањето на мечот во четвртокот доби лоши вести – дека не може да се врати во Скопје по истата рута која дојде во Порто.

Проблемот беше Франкфурт, доколку „црвено-црните“ слетаа во овој германски град ќе требаше да одат во карантин. Експедицијата на Вардар 1961 остана заглавана барајќи решение за да се врати дома, а сагата конечно заврши.

Стевче Алушовски и неговите момци во нашиот главен град ќе пристигнат утре преку Истанбул. Од Порто заминале за Лисабон од каде денеска ќе пристигнат во турскиот град, а дури следниот ден ќе можат да фатат лет за Скопје.

Добра околност е што дуелот со ПСЖ кој требаше да се одигра на 9. февруари е одложен, наскоро се очекува потврда за мечот со Фленсбург, кој треба да се игра на 11 овој месец. Најверојатно и оваа средба ќе биде одложена поради протоколите на Германија во време на пандемија коронавирус.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk