logo
logo
logo

Зарем е можно: ФИФА сериозно размислува на СП 2030 да учествуваат 64 репрезентации!

Vecer | 02.04.2026

Зарем е можно: ФИФА сериозно размислува на СП 2030 да учествуваат 64 репрезентации!

ФОТО: FIFA.COM

Ако првичните шпекулации ретко кој ги сфаќаше сериозн, сега веќе не е така. Имено чечниците на ФИФА сериозно размислуваат за големи промени во историјата на овој спорт. Станува збор за можно проширување на Светското првенство во 2030 година на дури 64 репрезентации. Оваа идеја моментално е во фаза на внатрешни дискусии во рамките на организацијата. Иако сè уште нема конечна одлука, јасно е дека предлогот добива сè поголемо внимание.
Проширувањето би претставувало значаен чекор напред во споредба со претходните формати. Од оваа година, турнирот ќе има 48 репрезентации, што веќе предизвика бројни реакции.
Воведувањето дополнителни 16 селекции дополнително би ја променило структурата на натпреварувањето. Ова би значело поголем број натпревари и подолг турнир. Поддржувачите на оваа идеја веруваат дека поголем број учесници би донел поголема глобална презентација. Повеќе репрезентации би имале можност да настапат на најголемата сцена. Од друга страна, критичарите предупредуваат на можни проблеми. Прво, се издвојува преоптовареност на играчите и веќе пренатрупаниот распоред.
И покрај силните критика, во ФИФА расте интересот за оваа опција. Идејата полека добива на интензитет и има сè повеќе поддржувачи.
Одлуката сè уште не е донесена. Дискусиите се во тек и вклучуваат различни фактори и анализи.
Светското првенство во 2030 година веќе има посебно значење. Ќе се одбележат 100 години од првиот турнир.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk