logo
logo
logo

Мбапе и Вини го “средија“ Алавес, ама фановите на Реал со свирежи кон „ѕвездите“!

Vecer | 21.04.2026

Мбапе и Вини го “средија“ Алавес, ама фановите на Реал со свирежи кон „ѕвездите“!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Реал Мадрид – Алавес 2:1 е исходот од вечерашниот меч од 33.коло во Ла Лига. Иако гостите во неколку наврати опасно се заканија, сепак „кралевите“ успеаја да дојдат до трите бода на својот „Сантијаго Бернабеу“. Килијан Мбапе стрелаше за 1:0 во таа 30.минута по асистенцијата на Ѓулер, а Винисиус стави печат на победата со голот во 50.минута. До крајот и двете екипи имаа свои шанси, посебно гостите кои на крајот во судиското продолжение Мартинез во 90+3. минута го совлада Луњин за конечни 2:1.

Сепак свирежи од трибините пред мечот за фудбалерите, а посебно за „ѕвездите“ како Мбапе и Вини, а свирежи имаше и после мечот иако и двајцата беа творци на оваа победа.

Со овие три бода “кралевите“ сега се на -6 бода,но имаат и меч повеќе.

На вториот меч вечерва, Бетис на гости кај Џирона славеше со 2:3.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk