logo
logo
logo

За првпат во историјата: На Копа Америка ќе судат и жени!

Vecer | 25.05.2024

За првпат во историјата: На Копа Америка ќе судат и жени!

Како што е официјално објавено, за првпат во историјата на Копа Америка, турнир кој започнува следниот месец, правдата ќе ја делат и жени.

Шанса да покажат што знаат им се дава на Марија Викторија Пенсо од САД, Едина Алавес од Бразил, а во ВАР собата ќе биде Татјана Гузман од Никарагва.

Помошнички ќе бидат Неуза Бек од Бразил, Мери Бланко од Колумбија, Мигдалија Родригез од Венецуела и Брук Мејо и Кетрин Несбит од САД.

Инаку Копа Америка се игра во САД а стартува на 20 јуни.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk