logo
logo
logo

За да го купи Санчо, Манчестер Ј. ќе ги продава Де Хеа и Марсијал

Vecer | 27.02.2021

За да го купи Санчо, Манчестер Ј. ќе ги продава Де Хеа и Марсијал

Манчестер Јунајтед е подготвен да размисли за продажба на голманот Давид де Хеа и напаѓачот Ентони Марсијал во текот на летниот преоден рок. Според извори од клубот, на крајот од сезоната управата заедно со Солскјер треба да донесат неколку значајни одлуки за натамошниот развој на екипата. Со оглед на континуираната најава за негово заминување, Де Хеа ќе добие шанса да си замине, затоа што Дин Хендерсон ќе треба да му го преземе местото во првиот тим.

ПСЖ може е претендент за Шпанецот, но парижани се заинтересирани и за Уго Љорис од Тотенхем, што значи дека останува да се види со кого прво ќе се договорат.

Шефовите на Манчестер Јунајтед размислуваат и за продажба на Ентони Марсијал, а парите од овие продажби ќе бидат наменети за купување на крилото на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk