Англиски Вулверхемптон има само два бода по 17 кола од сезоната во Премиер лигата, со што го повтори најлошиот резултат во оваа фаза од сезоната во историјата на професионалниот фудбал во Англија.
Њупорт го имаше истиот број освоени бодови во 4-та дивизија во сезоната 1970/71, а Шефилд го имаше истиот број во Премиер лигата 2020/21.
Денеска, Вулверхемптон загуби од Брентфорд (0:2) на домашен терен во рамките на 17-то коло од Англиското првенство.