logo
logo
logo

Алегри казнет со 10.000 евра за скандалот на мечот со Наполи!

Vecer | 20.12.2025

Алегри казнет со 10.000 евра за скандалот на мечот со Наполи!

фото: Nicolò Schira @NicoSchira (X)

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е казнет со 10.000 евра по жестока размена на зборови со спортскиот координатор на Наполи, Габриеле Оријали, како и со тренерот Антонио Конте. Спорот избувна за време на полуфиналето на Суперкупот на Италија, кое „росонерите“ го загубија со 2-0. Дисциплинската комисија, го казни Алегри за неговото однесување во втората половина од натпреварот.

Дури и пред да биде изречена санкцијата, Наполи издаде официјално соопштение во кое остро го осудува однесувањето на Алегри. Во соопштението на клубот се вели:

Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри. Се надеваме дека оваа целосно неконтролирана агресија нема да остане незабележана“.
Поразот ги уништи амбициите на Милан за двојна круна, откако „росонерите“ триумфираа на турнирот минатата сезона со победа од 3-2 над градскиот ривал Интер. Полуфиналниот дуел беше решен со головите на Давид Нерес и Расмус Хејлунд, кои ја обезбедија победата за „Неаполитанците“.
Со овој успех, наполитанците се квалификуваа за финалето, каде што ќе се соочат со Болоња. Решавачкиот дуел е на 22 декември.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk