logo
logo
logo

Вујовиќ: Вардар не се предава, одиме против Алборг по уште еден добар меч

Vecer | 19.10.2021

Вујовиќ: Вардар не се предава, одиме против Алборг по уште еден добар меч

 

Екипата на Вардар утре го игра следниот меч од Лигата на Шампионите и тоа на гостински терен против тимот на Алборг. Мечот стартува од 18:45 часот, а како најава тренерот Веселин Вујовиќ рече дека тимот, тој но и сите останати ги научиле грешките од мечот против Монпеље, дека Вардар е тим кој се развива и учи од секој меч во моментов и дека ќе се обидат да одиграат уште еден добар меч против Алборг, како оној во Скопје.

„Ќе биде многу поразличен натпревар од тој што го одигравме во Скопје. Ние успеавме да ја успориме нивната игра, да не трчаме многу и тоа ни донесе резултат, односно победа. Но, тие сега Алборг сигурно нема да ги повтори грешките од Скопје. Нивниот контранапад е многу поопасен од нашиот. Нам ни недостасува Борко, кој има мали здравствени проблеми, но тука е Сафар да го замени“ – изјави Вујовиќ па додаде.

„По мечот со Монпелје бевме загрижени, затоа што јавноста и ние самите очекувавме многу повеќе. Но, на тој натпревар се покажа дека во Европа се игра квалитетен ракомет и дека нема лесни противници. Вардар мора уште многу да направи и да работи за да може да се надигрува со најдобрите. Ние не патуваме со бело знаме, мораме да веруваме во себе и еден добар меч во Алборг ќе ни биде од големо значење за важниот натпревар со Кил во Скопје“, рече Вујовиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk