logo
logo
logo

„ВОЈНАТА“ ЗАПОЧНА! Ноле најавил нешто големо, се тресе цела АТП организација

Vecer | 25.06.2021

„ВОЈНАТА“ ЗАПОЧНА! Ноле најавил нешто големо, се тресе цела АТП организација

Обраќањето ќе биде стримувано на официјалниот Јутјуб канал на ПТПА.

Новак Ѓоковиќ, Васек Поспишил и Адам Лери ќе се обратат на јавноста денес во 19.30 пред организацијата на ПТПА.

Новак и Васек тоа ќе го направат како основачи на ПТПА, Асоцијација на професионални тениски играчи, Лери е извршен директор на оваа непрофитна организација со седиште во Канада.

ПТПА има желба да помогне на играчи и професионалци, за да дојде до правична распределба на парите. АТП го напаѓа Новак дека сака да го “подели“ тенисот, и стравува од тоа дека играчите ќе им завртат грб.

- Создавање посебен ентитет на играчи дава јасно преклопување, ги дели играчите и понатаму го фрагментира спортот. Во таа поделеност се водечки стручњаци од спортот и вон него, и идентификувани се како најголема опасност за потенцијалниот раст на тенисот. Овој проблем АТП го решава преку стратешки план заедно со WTA, Гренд слемовите и ITF – се наведува во соопштението за кое Новак веќе одговорил.

- Васел Поспишил и јас, заедно со стотина играчи, со нашиот ПТПА тимот и советниците напорно работевме на ова движење и неговата мисија. ПТПА е создадена од играчи за играчи, ведување правичноста и транстапрентноста во процесот на носење одлуки во професионалниот тенис кој ќе биде од корист не само во спортот туку тоа ќе ги опфаќа сите играчи – и оние кои се на врвот, но и на оние кои кои се мачат како да преживеат – не само играчи кои ги гледате на насловните. Раст и развој ќе дојде кога ќе работиме заедно за реформи во менталниот развој и прифаќаме иновации и соработка – е дел од големото соопштение на Новак.

Обраќањето ќе биде стримувано на официјалниот Јутјуб канал на ПТПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk