Францускиот централен бек на Валенсија, Мухтар Диакаби не се приклучи на соиграчите како и играчите на Мајорка кои заедно држеа банер на кој пишуваше СТОП за расизмот, со порака до навивачите да се престане со оваа се почеста појава на стадионите во Шпанија.

Пред мечот сите се наредија освен Диакаби кој позади се загреваше.

Минатата година францускиот дефанзивец имаше слична епизода со Хуан Кала, конфликт кој подоцна се пренесе и на социјалните мрежи. Најверојатно, Диакаби не сакал да се приклучи сфаќајќи дека поддршката што ја добил не е доволна за разлика од помошта која ја добива Винисиус од Реал.

Инаку Мајорка го доби мечот со Валенсија со 1:0.


sportmedia.mk