logo
logo
logo

Во пресрет на вечерашниот дуел Леванте – Барса: Барди знае како да ги “ТРЕСЕ“ каталонците! (ВИДЕО)

Vecer | 11.05.2021

Во пресрет на вечерашниот дуел Леванте – Барса: Барди знае како да ги “ТРЕСЕ“ каталонците! (ВИДЕО)

Вечерва од 22 часот, во меч од 36.коло во Ла Лига домашниот тим на Леванте ја дочекува Барселона, еден од аспирантите за титулата. Не треба да се трошат зборови околу тоа дека еден од главните адути на Леванте е нашиот репрезентативец Енис Барди.

Па така во пресрет на вечерашниот дуел со гигантот, мало потсетување за тоа дека Барди и тоа како знае како се тресе мрежата на Барселона, и тоа двапати во еден меч.

Тоа беше на 13 мај 2018 година, значи точно пред три години, кога на дуелот Леванте – Барселона, кој патем заврши со резултат 5:4, два од петте голови на Леванте беа дело на Македонецот Енис Барди.

Низ видетото можете да видете детали од таа средба, се разбира и двата прекрасни голови на Барди.

Првиот гол е во 53.секунда од видеото за водство на Леванте од 3:1, додека вториот погодок на Барди е 1.14 минута за водство од 5:1.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=3ueyyq8DTv4[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk