logo
logo
logo

ВМФЛ – ЗАПАД: Охриѓани само до бод, Скопје славеше против “штофарите“

Vecer | 03.04.2021

ВМФЛ – ЗАПАД: Охриѓани само до бод, Скопје славеше против “штофарите“

Интересни мечеви и во западната второлигашка конкуренција. Скопје со 2:1, доста потешко од очекувањата успеа да го победи тимот на Тетекс и да ја продожи убавата серија со што се приближува до ПМФЛ. За “пиратите“ стрелаше Христијан Кировски со два гола, додека за гостите голот го даде Лазар Пеев.

Исто таква победа од 2:1 извојува екипата на Велешта против Кадино, и само овој тим успева како така да го следи лидерот на табелата, иако разликата е огромна, во бодовна смисла.

Охриѓани одиграа само 1:1 против Кораби и тоа на свој терен. Алии му донесе водство на домашниот состав, а Зекири израмни на 1:1. Дали ова значи дека Охрид се одалечува од битката за втората позиција која носи бараж за пласман во ПМФЛ.

И во четвртиот меч, Велазерими и Кадино одиграа без победник, 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО

ВЕЛАЗЕРИМИ – КАДИНО 1:1

СКОПЈЕ – ТЕТЕКС 2:1

ВЕЛЕШТА – ДРИТА 2:1

ОХРИД – КОРАБИ 1:1

ГОСТИВАР (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 48

2.ВЕЛЕШТА 40

3.ГОСТИВАР 37

4.ОХРИД 36

5.КОРАБИ 27

6.ВЕЛАЗЕРИМИ 25

7.КАДИНО 21

8.ТЕТЕКС 18

9.ДРИТА 14


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk