И на западот се играат мечевите од 25.коло. Јасно е дека големото дерби се игра на Автокоманда во Скопје, каде домашниот тим на Скопје го дочекува Охрид. „Пиратите“ со победа и дефинитивно ќе станат прволигаши, може и со бод, но тоа зависи и од мечот меѓу Велешта и Гостивар. На Охрид пак му треба победа, само со три бода останува во игра за изборување на баражот за пласман во елитата. Секако дека за ова се прашува и тимот на Велешта кој е трет, но со ист број бодови како и охриѓани.
Тетекс во ова коло е слободен, додека Дрита гостува во Кичево. Кадино пак го пречекува Кораби.
ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
ВЕЛАЗЕРИМИ – ДРИТА
КАДИНО – КОРАБИ
СКОПЈЕ – ОХРИД
ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР
ТЕТЕКС (СЛОБОДЕН)
ТАБЕЛА
1.СКОПЈЕ 51
2.ОХРИД 43
3.ВЕЛЕШТА 43
4.ГОСТИВАР 39
5.КОРАБИ 30
6.ВЕЛАЗЕРИМИ 26
7.КАДИНО 24
8.ТЕТЕКС 24
9.ДРИТА 20
sportmedia.mk