Брегалница едноставно не знае за доста, во силен ритам ги урива сите пречки на патот кон елитата. Попладнево во Радовиш, момците на тренерот Марјан Секуловски ја победија Плачковица со 2:0. И тоа со головите на Кудијан и Муарем. Во ова 22.коло во ВМФЛ – ИСТОК, се очекуваше сигуран победа на Тиквеш кај Росоман, но “фенерцијата“ извлече сензацонални 1:1, па така сега Брегалница има девет бода предност пред кавадарчани.

Кит Го покажува дека е во одлична форма. Славеше во Кочани против Осогово, и тоа со голот на Димоски. Кожуф ја победи Саса и тоа со гол од пенал на Јаневски, додека Победа одново разочара, играјќи дома со Слова (В) 0:0.

РЕЗУЛТАТИ – 22.КОЛО

КОЖУФ – САСА 1:0

ОСОГОВО – КИТ ГО 0:1

РОСОМАН – ТИКВЕШ 1:1

ПЛАЧКОВИЦА – БРЕГАЛНИЦА 0:2

ПОБЕДА – СЛОГА (В) 0:0

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 58

2.ТИКВЕШ 49

3.КИТ ГО 38

4.КОЖУФ 35

5.ОСОГОВО 29

6.САСА 28

7.СЛОГА (В) 23

8.ПОБЕДА 17

9.ПЛАЧКОВИЦА 11

10.РОСОМАН 8

sportmedia.mk