logo
logo
logo

Влахо: Сите честитки одат на адреса на играчите, одлично издание на Работнички!

Vecer | 07.03.2021

Влахо: Сите честитки одат на адреса на играчите, одлично издание на Работнички!

Работнички со 2:0 го победи Шкупи во градската пресметка, и не само што го победи туку просто, на моменти, и го згази. Играчки, тактички, технички, ова беше феноменално издание на тимот на стратегот Александар Влахо, кој за СПОРТМЕДИА изјави.

Само браво за момците. Сите честитки одат на адреса на играчите, одлично издание на Работнички. Секако дека сум горд после една ваква победа и вакво издание на тимот. Се она што се договоривме пред мечот, буквално се беше испочитувано од нивна страна. Знаевме каде се слабите страни на Шкупи и таму “удривме“ што се вели уште на почеток. Ветувам дека на сите следни мечеви Работнички ќе игра вака, модерно, со многу трчање, со висок пресинг. На крај честитки и благодарност до Шкупи на одличниот прием, им посакувам на Чаирчани многу успех понатаму“ посочи Александар Влахо.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk