По раскинувањето на договорот со Гери О’Нил раководството на Вулверхемптон експресно донесе нов тренер и тоа ќе биде португалецот Витор Переира. Тој ќе биде трет португалски тренер кој ги предводи „волците“, по Нуно Еспирито Санто и Марко Силва.
Переира денес ќе пристигне во Англија за да го потпише договорот кој ќе биде со траење од 18 месеци. Вулверхемптон ќе исплати 1 милион евра за потписот на Переира. Во моментов „волците“ се наоѓаат на 19-тото место на табелата и Переира ќе се обиде да ја спаси сезоната и да го спаси својот тим од испаѓање.