logo
logo
logo

Винисиус: Од Реал ме замолија да останам во Мадрид, ќе видиме следниот пат!

Vecer | 03.03.2025

Винисиус: Од Реал ме замолија да останам во Мадрид, ќе видиме следниот пат!

Важи за еден од најдобрите играчи во моментов во светот, секако меѓу ТОП 10, но поради своето однесување на теренот, речиси сите фудбалски фанови, освен тие на Реал Мадри и селекцијата на Бразил, едноставно не можат да го смислат. Познато е што се направи на средбата со Валенсија кога го удри нашиот Столе Димитриевски, а за тоа си доби и казна.

Се разбира дека тоа е Винисиус Жуниор, напаѓачот на Реал Мадрид, кој ја загуби битката со Родри за „Златната топка“, па така иако минаа неколку месеци од тој настан сепак тоа и натаму е една од главните вести во светот на фудбалот.

Инаку познато е дека и тој, но и сите од Реал Мадрид го бојкотираа тој настан кога дознаа дека Вини не е освојувачот на најпрестижната поединечна награда во светот на фудбалот.

Вини во едно од последните интервјуа се наврати на тој настан:

За тоа така одлучи клубот, ме замолија да останам во Мадрид и јас секако дека ги почитувам одлуките на клубот за кој настапувам. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите следниот пат“.

За тоа дали си оди од Мадрид или дали ќе остане на “Сантијаго Бернабеу“, тој истакна:

Со Реал Мадрид имам договор до 2027 година и се надевам дека ќе ја продолжиме соработката. Среќен сум тука, играм за најдобриот клуб во светот и ги имам најдобрите соиграчи во светот“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk