logo
logo
logo

Вимблдон дефинитивно се игра и тоа со публика

Vecer | 18.03.2021

Вимблдон дефинитивно се игра и тоа со публика

Откако минатата година легендарниот Гренд слем турнир, Вимблдон за прв пат по втората светска војна беше одлоожен, годинава организаторот уште од сега најавува дека тенис во Лондон дефинтиивно ќе има.

И не само тоа, на турнирот ќе биде дозволена и публика. Она што дефинитивно е сигурно е дека бројот на посетители на мечевите ќе биде дополнително дефиниран со оглед на моменталната состојба со Ковид 19 ширум светот, а особено во Велика Британија.

Организаторот потенцира дека колективното здравје е приоритет, затоа ќе се воведат најстроги протоколи. Сите учесници на турнирот ќе бидат сместени во хотелите резервирани од страна на организаторот, а билетите можат да се набават уште сега, преку интернет, што пак единствениот начин да се дојде до нив.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk