logo
logo
logo

Видеолотарија касинос Австрија со донација од 1.167.391 денари придонесе за модерно, инклузивно детско игралиште

Vecer | 31.05.2021

Видеолотарија касинос Австрија со донација од 1.167.391 денари придонесе за модерно, инклузивно детско игралиште

Во време кое ни наметна многу неизвесности поради пандемијата, многу важно е да се донесуваат значајни одлуки, од кои придобивки ќе имаат сите, а посебно најмладите. Видеолотарија Касинос Австрија со амбициозен план во периодот кој следи, сака да придонесе децата, нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата.

Со донација од 1.167.391,00 денари,Видеолотарија Касинос Австрија придонесе да биде ставено во функција,инклузивното детскоигралиште. Игралиштето се наоѓа во општината Карпош, на т.н локација Пожарна Веро Тафталиџе.Се работи за модерно игралиште, со повеќе реквизити. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, веруваме дека ќе придонесе за забава на сите деца, во што ќе може да се уверат уште денес.

До крајот на годинава,планирано е да се завршат 7 игралишта кои се во фаза на градба. Во компанискиот план за општествена одговорност предвидени се мултифункционални и спортскии гралишта.

Спортските игралишта ќе бидат изградени по светски стандарди за играње мал фудбал, ракомет и кошарка. Овие игралишта ќе бидат дел од компаниската стратегија за повеќе годишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Со реализација на оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk