(Видео) Тајгер Вудс се бори за животот по тешката сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за животот по тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.
45-годишниот Вудс бил сам во автомобилот, кој при голема брзина излетал од регионален пат. По стравотната несреќа, пожарникарите го ваделе од автомобилот, па веднаш е префрлен во клинички центар, каде што во моментот докторите се борат за неговиот живот.
A look at the car Tiger Woods was in. https://t.co/biSQfMW0sK pic.twitter.com/WubFojEGfi
— Cody Chaffins (@Cody_Fox5) February 23, 2021
Како што се знае досега, тој има скршеници на нозете. Тој е опериран, но засега не се знае неговата состојба.
Во тек е истрага за причините за несреќата.
makfax.com.mk