logo
logo
logo

Видео кое покажува колку Анчелоти ги губи живците со Винисиус

Vecer | 04.04.2025

Видео кое покажува колку Анчелоти ги губи живците со Винисиус

Винисиус Жуниор не може без приказна на теренот. Долгиот јазик и честите расправии со противниците, судиите и навивачите на крајот го оставија без Златната топка, а и после тоа не најде начин да се смири.

Бразилецот постојано е во центарот на вниманието. Карло Анчелоти се обидува да му предложи да молчи бидејќи секој разговор на теренот е излишен, но Вини не запира.

Нивните разговори се снимени за време на натпреварот од Купот на кралот против Реал Сосиедад. Карло буквално го молеше да молчи, но залудно.

„Не зборувај, не зборувај“, викна Карло кон Вини, по што овој вели дека ништо не рекол.

„Оди играј“, беа следните зборови на Анчелоти кон Бразилецот кој протестираше на теренот.

Не е тешко да се изгуби нервите поради Вини, а да не беше клучен играч за клубот, веројатно одамна ќе седеше на клупата на гигантите од Мадрид.

Најдобриот во светот според ФИФА оваа сезона одигра 41 натпревар и има постигнато 18 гола и 13 асистенции.

Овој ефект најверојатно ќе биде уште поголем бидејќи Реал Мадрид се уште игра многу натпревари и се бори за дури три трофеи. Подобро кажано, сите ги брани од минатата сезона.

Ова секако е голем успех за кралскиот клуб кој и оваа сезона беше уништен од повреди, особено во дефанзивниот дел. Сепак, Анчелоти повторно успеа да ја извлече сезоната и секој трофеј е навистина огромен резултат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk