logo
logo
logo

Васоски: Академија Пандев ќе се бори за излез во Европа!

Vecer | 05.08.2021

Васоски: Академија Пандев ќе се бори за излез во Европа!

Во недела стартува сезоната во ПМФЛ. Дванаесет екипи и овојпат ќе настапат во нашата елитна лига, секој со различни амбиции.

Академија Пандев и оваа сезона ќе ја води од клупата Александар Васоски, докажан тренер кој за Спортмедиа ги коментира амбициите на својата екипа во јубилејниот 30-ти шампионат.

Не криеме, Академија Пандев ќе се бори за висок пласман, за местата кои ќе водат во Европа. Е, сега на крајот ќе видиме дали сме успеале во тоа. Сепак тоа се нашите планови, нашите амбиции“ вели Васоски.

БЕЗ РАДЕСКИ, СТОИЛОВ, МАРКОСКИ…

Нема дилеми дека струмичани во новата сезона ќе бидат ослабени, барем на хартија. Имено неколку звучни имиња си заминаа.

Да. Точно е тоа дека сме без Радески, Стоилов кој беше мотор на екипата, потоа Маркоски, Крстовски. Мене ме радува тоа што успеавме да го задржиме Коста Манев. Успеавме да донесеме неколку квалитетни засилувања, сепак ќе треба да се интервенира во средниот ред и нападот. Тука сме некако `тенки` што се вели. Да кажам дека оваа сезона многу очекував од младиот Бојан Димоски, но ете, тој се повреди и мораше на операција. Штета. Сепак таков е фудбалот. Од друга страна верувам во тие млади и талентирани момци дека во новата сезона ќе блеснат“ потенцира стратегот на “пандевци“.

ШКЕНДИЈА И ШКУПИ СЕ ФАВОРИТИ ЗА ТИТУЛАТА

И Васоски како и сите останати прогнозираат дека Шкендија и Шкупи се најголемите фаворити во битката за титулата.

Па, сметам дека според буџетите и играчкиот кадар, нормално е тие две екипи да бидат главни кандидати за титулата. Искрено мене и лани Шкендија не ме импресионираше премногу. Таму разликата ја прави само Бесарт Ибраими. Но тој е веќе во години, така да тетовци ќе си имаат проблем. Којзнае, можеби со старо – новиот тренер Бруно Акраповиќ ќе биде подобро. Шкупи пак има голем фонд на квалитетни играчи, но сетоа тоа мора се сложи, да се вклопат коцките. Сепак знаејќи ги амбициите на клубот јасно ми е дека чаирчани ќе одат по шампионскиот пехар“.

Васоски не гледа некоја друга екипа која може да им ги помрси сметките на Шкупи и Шкендија.

Реално, да. Но тоа е фудбал, во овој спорт се е можно. Имено нашата ПМФЛ можеби нема квалитет, но затоа е супер интересно, секој секого може да победи. Еве кој им гарантира на Шкупи и Шкендија дека уште на стартот така лесно ќе минат со Брегалница и Тиквеш. Лично очекувам од Работнички, А. Пандев, Брегалница, Македонија ЃП да им направат проблеми на фаворитите, и би сакал некоја од овие екипи да се вмеша во битката за пехарот, да го направат првенството уште поинтересно“ заврши Александар Васоски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk