logo
logo
logo

Вардар успешен против Кожув - Sportmedia.mk

Vecer | 28.02.2021

Вардар успешен против Кожув - Sportmedia.mk

Трета победа за Вардар во Првата лига. По не баш идеалниот почеток, „црвено-црните“ одиграа многу подобро во втората четвртина, кога ја стигнаа негативата. А по паузата целосно го надиграа составот од Гевгелија.

Наградата стигна на крајот, убедлив триумф над Кожув, за бегство од последните позиции на табелата.

Гостите од Гевгелија добро го отворија мечот „Под Кале“. Имаа и предност од пет поени (27:22). Но, на почетокот на втората четвртина, со серија од (10-3), Вардар се врати комплетно во мечот. Имаа „црвено-црните“ заостанување од само еден поен (29:30). А по тројката на Радош дури и преминаа во водство (35:32), кога се играше 15.минута. Неговата серија продолжи со уште пет поени, за уште поголема предност на домашната екипа од (41:35). Но со мини-серија од (7-2) Кожув дојде само на половина поен негатива пред големиот одмор, (42:43).

Но Вардар заигра уште подобро во третата четвртина, пред сè во одбраната. Со одлична дефанзива, домашната екипа стигна и до двоцифрена предност (61:50). За седум минути игра на гевгеличани им дозволија да уфлат само осум поени.  Што е уште поважно доста правилна беше и „распределбата на поени“ во домашниот тим. Четири од пет стартери имаа двоен број на дадени поени, со исклучок на највисокиот, Дујковиќ, кој рано влезе во проблеми со личните грешки.

На другата страна, прв поентер беше Силаџи, единствениот кој по три одиграни периоди имаше двоен број на реализации – 21.

Сепак, до истекот на овој дел од играта, Кожув одново симна дел од негативата. Заостануваа гевгеличани шест чекори зад Вардар (61:67), но останаа во игра за победа. Пробаа гостите со зонска одбрана, но лесно ја пробиваа Провел и Крстевски кои го однесоа Вардар до највисоки (76:63). Ова беше третата победа на Вардар во првенството  во 12.одиграни мечеви, додека пак Кожув сега има скор (5-7).

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Пелистер     81:95

Вардар – Кожув    95:86

Куманово 2009 – Гостивар        81:73

Академија ФМП – Црн Дрим Грин мобиле 74:68

Еуро Никел 2005 – Работнички           83:84

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР:

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

ТАБЕЛА: Пелистер 24 (-2), Академија ФМП 21 (-1), Гостивар 20 (-3), ТФТ Скопје 19 (-4), Еуро Никел 2005 19 (-3), Куманово 2009 18 (-4), Кожув 16 (-1), Црн Дрим 16, МЗТ Скопје Аеродром 15 (-6), Работнички 15 (-6), МЗТ Скопје Уни Банка 14 (-3) , Вардар 13 (-1);

ИДНО КОЛО (6.МАРТ)

Пелистер – Академија ФМП

Кожув – ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром – МЗТ Скопје Уни Банка

Црн Дрим – Гостивар

Куманово – Еуро Никел 2005

Работнички – Вардар

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk