logo
logo
logo

Вардар стартува утре: Прво ковид-тестови, па прва прозивка

Vecer | 09.02.2021

Вардар стартува утре: Прво ковид-тестови, па прва прозивка

Ковид-тестовите кои ќе ги направат играчите во 14:15 часот во Фудбалската академија, ќе бидат „предвесник“ на почетокот на подготовките на Вардар.

Работите, полека, мрднуваат од „мртва точка“ во најтрофејниот клуб. После тестирањата, ќе треба да има и тренинг. Само не е познато дали ќе биде на теренот на Академијата, во Хиподром, или, пак во Кадино.

Прозивката и првиот тренинг ќе бидат под „палката“ на Никола Илиевски – Џиџи кој потврди дека од утре почнува да го води Вардар кон мисијата „опстанок“.

Време нема воопшто. После само неколку тренинзи, Вардар ќе игра дерби против Пелистер во недела, во првото пролетно коло.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk