logo
logo
logo

Вардар на рехабилитација со Бутел, Металург може најмногу да „ќари“

Vecer | 22.05.2021

Вардар на рехабилитација со Бутел, Металург може најмногу да „ќари“

Денеска продолжуваат дуелите од плеј-офот, на програмата е 11. коло. По поразот од Е.Пелистер во Битола, Вардар 1961 нема право на кикс на следните четири меча доколку сака да ги обедини титулите.

Токму избраниците на Стевче Алушовски први ќе излезат на терен, во СЦ „Јане Сандански“ (13 часот) го пречекуваат Бутел Скопје, тим кој се бори за местата кои водат во Европа.

Дерби ќе се игра во Автокоманда, Металург има уште еден противник за расчистување, но ќе биде тешко. Гостува Охрид, кој зад себе го има тесниот пораз од Т.Пролет на домашен терен, и исто како и „металурзите“ посакува европска виза. Мечот е закажан со почеток во 16 часот.

Е.Пелистер ќе чека кикс на Вардар, но истовремено ќе мора исто до крајот да биде перфектен, прв противник е Т.Пролет (19 часот). Исто и избраниците на Зоран Кастратовиќ имаат големи мотиви, тие се на третото место на табелата со 18 бода, четири повеќе од Металург и Бутел Скопје, па и со бод, можат сигурно да чекорат кон европското друштво, таму портите им се отворени, треба само до крај да соберат што повеќе бодови на своето конто.

Од трите средби, најмногу може да „ќари“ Металург, пораз на Бутел и Т.Пролет, а секако победа против Охрид, ќе го донесе на бод зад третопласираниот скопски состав.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk