logo
logo
logo

Вардар и “извади“ реми на Ренова на пријателската во Охрид!

Vecer | 28.07.2021

Вардар и “извади“ реми на Ренова на пријателската во Охрид!

 

Утринската пријателска средба меѓу Ренова и Вардар, одиграна во Охрид, заврши без победник, со резултат 2:2. Се разбира ова е мало изненадување ако се знае дека Ренова е прволигаш а Вардар второлигаш.

Во првиот дел вардарци одиграле сосема добро, имале и водство од 2:0, ја погодиле и стативата. Во вториот период Ренова стапила на сцена, нејзините играчи креирале повеќе шанси од кои реализарале само две. Па така и крајниот резултат од 2:2.

Инаку стрелци за Вардар биле Гроздановски во 4.минута и Блажевски од пенал во 36.минута. Додека за Ренова головите ги постигнале Бачков, кој е на проба, во 72.минута и Селмани од пенал во 84.минута.

После овој натпревар експедицијата на Ренова се враќа во Тетово, имено “гипсарите“ ги завршија подготовките во Охрид, додека Вардар останува покрај Охридското езеро да ја одработува најважната фаза од текот на подготовки.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk