logo
logo
logo

Уште едно злато за Австрија на СП: Шварц триумфираше во алпска комбинација!

Vecer | 15.02.2021

Уште едно злато за Австрија на СП: Шварц триумфираше во алпска комбинација!

Трета трка и трето злато за Австрија на Светското првенство во алпски дисциплини. По триумфите на Винсент Крихмаер во спуст и супервелеслаломот, денеска златен медал за Австријците обезбеди и Марко Шварц со триумф во комбинација.
Шварц е севкупен победник со време 2:05.86 минути или само четири стотинки подобро време од Алекси Пентиро од Франција. Трет на подиумот се искачи Швајцарецот Лоик Мелард.
Инаку Шварц беше дури петти во супервелеслаломот, но го подобри скорот со одличното возење во велеслаломската трка и така е севкупен победник на денешната комбинација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk