logo
logo
logo

Уште една бламажа на Јунајтед, Њукасл славеше среде Олд Трафорд

Vecer | 30.12.2024

Уште една бламажа на Јунајтед, Њукасл славеше среде Олд Трафорд

Нема крај на маките на Манчестер Јунајтед. Великанот од Олд Трафорд сезонава буквално личи на тим што се бори за опстанок, отколку на тим кој што треба да се бори за трофеји.

Вечерва тимот на Јунајтед загуби на домашен терен од Њукасл со 0:2 на домашен терен, во меч во кој во првиот дел требаше да прими уште сигурно два ако не и повеќе голови. Иак и Џоелинтон по само 19. минути игра го доведоа гостинот во двојно водство што подоцна ќе се покаже дека тоа ќе биде и конечниот резултат.

Во вториот дел, Јунајтед се разбуди, заигра, имаше шанси, погоди и дирек, но не успеа ниту да се доближи до поволен резултат и да ја санира хаваријата од првиот дел.

Од друга страна пак, Ипсвич на големо изненадување го победи Челзи со 2:0 на негов терен благодарение на головите на Делап и Хачисон.

Тимот на Астон Вила пак не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и одигра само 2:2 со Брајтон. Адингра ги доведе гостите во водство, изедначи Оли Воткинс. Роџерс прави комплетен пресврт за Вила, но домашната победа ја „краде“ Лемптеј во 81. минута за конечни 2:2.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk