logo
logo
logo

Уште еден играч на Ливерпул си заминува

Vecer | 26.06.2022

Уште еден играч на Ливерпул си заминува

По Садио Мане, Ливерпул ќе остане без уште еден напаѓач. Јапонскиот репрезентативец Такуми Минамино ќе се пресели во Монако, потврди тренерот на францускиот прволигаш Филип Клеман за „Ле Екип“.
За јапонскиот напаѓач ќе бидат платени 15 милиони евра, а ќе бидат платени на пет рати.
„Многу сум задоволен од него, го познавам одамна. Сите сме убедени дека тој има квалитет да донесе многу позитивни работи во нашиот тим“, коментира Клеман по контролката на Монако со Серкл Бриж.
Ливерпул го купи Минамино зимата во 2020 година, но тој не успеа да се наметне покрај Мане, Салах и Фирмино, па еден период играше како позајмен во Саутемптон. Минатата сезона само на 9 меча беше првотимец.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk