logo
logo
logo

Уште еден директен црвен картон за Марсеј, нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)

Vecer | 27.10.2024

Уште еден директен црвен картон за Марсеј, нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен ја забележа шестата последователна победа над Марсеј, славеше со убедливи 3:0 (3:0) во деветтото коло од францускиот шампионат.

Веќе во седмата минута Невес ја испрати одбиената топка во мрежата, најавувајќи тежок пораз за домашните. Набрзо играчите на Марсеј уште повеќе си ја отежнаа ситуацијата. Арит за остар старт над Маркињос заработи директен црвен картон, четврти за тимот на Марсеј во последните шест натпревари.

А потоа, на крајот од половина час игра, Балерди несмасно ја испрати топката зад грбот на својот голман со што ја удвои предноста на гостите.

Против Лион, Марсеј успеа да се врати, но против Пари Сен Жермен тоа е речиси невозможно. Баркола ја запечати судбината на домашните до крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, Пари Сен Жермен имаше можности да го зголеми резултатот, но домашниот голман, Рули со неколку одбрани успеа да спречи понатамошна катастрофа за Марсеј.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk