Секако дека малку смеа и хумор не е на одмет, иако на Аргентинците не им е до смеење.
Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство и со тоа стана светски шампион по втор пат. Во натпревар во кој доминираше „Фуријата“, немаше голови по 90 минути, а клучниот момент се случи во 106-тата минута. Нико Вилијамс со глава ја врати топката до Феран Торес, кој ја затресе мрежата од блиску.
Аргентина беше целосно немоќна до крајот на натпреварот, кога можеше да израмни, но пропушти одлична можност и со тоа остана без одбрана на титулата. Натпреварот, секако, одекна и на хумористичната страна на интернет, кој беше преплавен со бројни мемиња. Приказната за Ламине Јамал и Лионел Меси беше во центарот на вниманието. Меси го искапа малиот Јамал пред 18 години, и иако многумина мислеа дека фотографијата е создадена од вештачка интелигенција, се покажа дека е автентична. По освојувањето на Светското првенство, многумина ја рекреираа таа фотографија, но во новата верзија, Јамал го избања расплаканиот Меси.
The Messi and Lamine Yamal meme has been reversed after Spain won the world cup final against Argentina 😃😛 #خان_کو_رہا_کرکے_مقابلہ_کرو@TeamiPians pic.twitter.com/JsYQvxgLMF
— Baazigar ⁱᴾⁱᵃⁿ (@Rebellious_Foe) July 20, 2026