logo
logo
logo

Италија го убедува Пеп да стане селектор на „аѕурите“

Vecer | 20.07.2026

Италија го убедува Пеп да стане селектор на „аѕурите“

Фото: Манчестер Сити Х

Италијанската фудбалска федерација отворила преговори со Пеп Гвардиола за негов селекторски ангажман на клупата на „аѕурите“.

Според новинарот на „Скај Спорт“, Пепе Ди Стефано, техничкиот директор на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Паоло Малдини, и советникот  Леонардо, минатата недела одржале неколку состаноци со поранешниот тренер на Манчестер Сити во Барселона.

Шпанецот ја искажал својата намера да земе пауза од најмалку една година. Тоа значи дека Италија не ја исклучува можноста за назначување на Пеп следната година, бидејќи нема да има меѓународни турнири во летото 2027 година.

И натаму како кандидати за функцијата  остануваат Роберто Манчини и Андреа Пирло.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk