На Кристијано Роналдо му преседнал одморот на Мајорка.
Еден од најдобрите светски фудбалери добил нималку пријатна вест дека тешко му е оштетен автомобилот вреден 2,5 милиони евра и со 900 коњски сили. Во прашање е Бугати, еден од двата автомобили кои Португалецот ги префрли со брод во Мајорка за да ги користи за време на одморот.
Меѓутоа, според шпанските медиуми, автомобилот бугати вејрон, што го управувал со еден од вработените на Роналдо, бил уништен откако возачот изгубил контрола над возилото и удрил во влезот од куќата.
Ronaldo´s super car has Mallorca accident - Majorca Daily Bulletin https://t.co/s3qcnxqCVI pic.twitter.com/5Gt1zfMpdL
— Win a Supercar (@supercarcomp) June 20, 2022
Возачот поминал без поголеми повреди, а медиумите наведуваат дека предниот дел од автомобилот претрпел голема штета.
Познато е дека Кристијано Роналдо е голем љубител на автомобили и дека во својата гаража има автомобили вредни преку 20 милиони евра.
Како реагирал на оваа вест не е познато, ама едно е сигурно на вработениот не му е добро...
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата