logo
logo
logo

Украинецот Балакин ќе ни суди со Лихтенштајн

Vecer | 18.03.2021

Украинецот Балакин ќе ни суди со Лихтенштајн

Нам добро познато лице ќе биде главен за делењето на фудбалската правда на дуелот со Лихтенштајн. Вториот меч од мартовскиот квалификациски циклус за СП во Катар 2022 година. Тоа е Микола Балакин, човекот кој што пред две години го судеше мечот меѓу У-21 селекциите на Македонија и Казахстан во Скопје, натпревар кој се заврши со резултат 1:1. Да потсетиме тоа беше дуел од последниот квалификациски циклус на надежите на селекторот Благоја Милевски.

Се разбира дека негови помошници ќе бидат од Украина.

Кога сме кај натпреварот со Лихтенштајн, да кажеме дека тоа ќе биде првиот од квалификациите кој го играме дома. Се игра на 28 март на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.

Прво играме со Романија во Букурешт (25 март), а потоа играме со Германија во Дуисбург (31 март).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk