УЕФА го објави идеалниот тим за сезоната 2020/21 во Лигата на шампионите. Сезоната заврши на 29 мај со финалето во Порто во кое Челзи го победи Манчестер Сити со 1:0 и го освои втората европска титула во историјата. Во тимот на сезоната го нема Кристијано Роналдо, но Лео Меси се најде во најдобрите 23. Седум фудбалери се од Челзи, а пет од Манчестер Сити…

Идеален тим на сезоната во Лигата на шампионите:

Голмани: Тибо Куртоа (Реал), Едерсон (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челзи)

Дефанзивци: Цезар Аспиликуета, Антонио Рудигер, Бен Чилвел (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Давид Алаба (Баерн Минхен)

Среден ред: Маркињос (ПСЖ), Жоржињо, Мејсон Маунт, Н’Голо Канте (Челзи), Кевин Де Брујн, Илкај Гундоган, Фил Фоден (Манчестер Сити), Лукас, Серхио Оливеира (двајцата од Порто)

Напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Килијан Мбапе, Нејмар (ПСЖ), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Карим Бензема (Реал), Лионел Меси (Барселона).


sportmedia.mk