logo
logo
logo

УЕФА со “шут – карта“ за досегашниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија!

Vecer | 26.03.2021

УЕФА со “шут – карта“ за досегашниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија!

Екс – претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза во иднина нема да обавува ниту една функција во УЕФА. Тој досега беше член на Надзорниот одбор на УЕФА, со задача да ја контролира работата на своите членки, но и да го подготвува ЕУРО 2020.

Па така ако се знае дека Кокеза пред неколку дена и официјално си поднесе оставка на местото прв човек на ФСС, по бројните скандали кои се врзуваат со неговото име, денеска УЕФА со кратко соопштени информираше дека тој не е веќе член на ниту едно нејзино тело.

Ова се однесува и на Дамир Врбановиќ, претставникот на Хрватска, кој неодамна беше правосилно осуден за трансферни малверзации во Динамо Загреб, заедно со браќата Мамиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk