logo
logo
logo

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Звезда, причината е Ибрахимовиќ

Vecer | 04.03.2021

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Звезда, причината е Ибрахимовиќ

УЕФА очекувано и официјално покрена дисциплинска постапка против Црвена Звезда поради расистичко однесување, конкретно поради навредите испратени на сметка на Златан Ибрахимовиќ на дуелот со Милан од страна на лице кое седело во новинарските ложи.

„После истрагата која ја спроведе етичкиот и дисциплински инспектор на УЕФА, ќе биде покрената дисциплинска постапка по инцидентот кој се случи за време на првиот 1/16 финален меч од Европската лига меѓу Црвена Звезда и Милан (2-2), одигран на 18.февруари 2021 година во Србија“, објави УЕФА.

Швеѓанецот беше меѓу резервите на италијанскиот тим, првиот гол на своите момци го прослави гласно од трибините, наменети за играчите од клупа.

Сето ова го налути навивачот на Звезда, кој му дофрли на Златан.

„Седи доле Златане. Пи*ко една, смрдливо копиле. Да те е**м во уста“, се дел од навредите упатени кон Ибрахимовиќ од страна на засега непознато лице. 

Според новинарите не станува збор за нивни колега, туку за некое трето лице. Од таборот на Звезда веднаш по мечот се огласи и испратија извинување до Ибрахимовиќ и до УЕФА, но прашање е дали клубот ќе заработи казна.

УЕФА ја терети Звезда за следните точки:

Расистичко однесување.

Провокативно, навредливо скандирање.

Кршење на протоколите на УЕФА за враќање во игра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk