logo
logo
logo

УЕФА на итен состанок: Ќе ги исфрли бунтовниците на Суперлигата

Vecer | 19.04.2021

УЕФА на итен состанок: Ќе ги исфрли бунтовниците на Суперлигата

По веста за формирањето на Суперлигата од страна на 12 богати европски клубови Европската фудбалска куќа (УЕФА) денеска на состанок ќе преземе чекори за исфрлање на полуфиналистите кои се членови на новоформираната Суперлига и на тој начин ќе им забрани да учествуваат во Лигата на шампионите во иднина.

УЕФА е поддржана од многу организации и од многу поранешни фудбалери и сегашни фудбалски стручњаци, а најави борба со одметниците кои од своја трка по пари (ЕСЛ им гарантира по 350 милиони евра секоја година).

УЕФА ќе реагира жестоко! Во најлошо сценарио ќе ги исфрли полуфиналистите од ЛШ. Како што е познато полуфиналните натпревари се ПСЖ-Манчестер Сити и Челзи – Реал, а во Лига Европа се Манчестер Јунајтед-Рома и Виљареал – Арсенал.

Со оглед на тоа дека три екипи од ЛШ и две од ЛЕ се потписници на формирањето на новата ЕСЛ, тоа може да го лансира ПСЖ до европската титула, додека Рома и Виљареал да играат во финалето на ЛЕ.

Во краен случај УЕФА ќе ја суспендира ЛШ оваа сезона и нема да се игра завршницата, а на бунтовниците нема да им ја даде финансиските средства што треба да ги добијат од настапите во елитното натпреварување оваа сезона.

УЕФА дури се закани дека фудбалерите во овоие клубови нема да добијат дозвола да играат на Европско и Светско првенство со своите репрезентации.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk